Рајан Рејнолдс тешко се опоравува по разводот со Скарлет
27 мај, 20110
Кон крајот на минатата година се разведоа Рајан Рејнолдс и Скарлет Јохансон. Иако актреите не сакаа да зборуваат за разводот, причините заради кои дошло до тоа, сега конечно Рајан реши да каже нешто околу тоа.
Тој изјавил дека новинарите не биле добредојдени во неговиот брак, како и во неговиот развод. Се пишуваше сè и сешто, за некакви скандали, лаги кои никогаш не се случиле, и тоа многу ме вознемири.
Јас сеуште не ја поминав кризата која ми ја донесе разводот. Но, станувам се пооптимистичен. Верувам дека ќе помине и оваа фаза. Не верувам дека повторно ќе се женам, но никогаш не се знае, изјавил Рајан.