Некои од најубавите места во нашиот универзум се токму овде на земјата, единствено што треба да знаеме е каде да ги побараме. Понекогаш не сме ни свесни дека рајот постои и е веднаш позади аголот.
“Lencois Maranhenses” е едно од најубавите места што постојат на нашава планета и се наоѓа во североисточниот дел на Бразил. Местото се протега на површина од над 600 квадратни милји, и е создадено само од песок, сонце и вода. По време на сувата сезона ветровите создаваат дини со големина од 130 метри и крајниот резултат е ништо помалку од спектакуларен.