Разните скандали на славните ѕвезди кои не забавуваа во изминатава година.

26 октомври, 20110
0

Уште неполни три месеци не делат од новата 2012 година, а познатите ѕвезди веќе ја одбележаа оваа 2011 година со скандали. Да се присетиме на некои од поконтраверзните.

 

Estella Waren

Ѕвездата на филмот ”Планета на мајмуните” во Мај годинава предизвикала сообраќајна незгода возејќи се со својата Toyota Prius удрила во три автомобили и избегала од местото на несреќата. Кога била запрена од полиција, контроверзната Естела удрила еден од полицајците при што веднаш била приведена.

Но, приказната на завршува тука. Откако била донесена во полициската станица, Естела продолжила да дава отпор, па во еден момент дури и успеала да се ослободи од лисиците. Пробала да избега , но полицијата ја запрела и вратила во притвор.

 

Arnold Schwarzenegger

Во Мај годинава, одекна вест дека Arnold Scharzenegger и Maria Shriver се разведуваат после 25 години брак. На почетокот изворите не беа многу веродостојни, па се чинеше дека  Arnold нема проблеми во бракот, но наскоро во јавност протекоа информации за неверството на Arnold. Медиумите почнаа да известуваат за аферата на познатиот глумец со куќната помошничка Mildred Patricia Beana, со којашто има 10-годишен син.

Марија одлучила да побара развод кога го дознала тоа. Таа одлука со тешко срце ја поднел и Арнолд, и сега тој се надева дека ќе се успеат да се смират. Ќе видиме дали ќе успее.

 

Charlie Sheen

Чарли Шин заедно со својата екипа направиле вистински хаос во хотелска соба во Лас Вегас каде што биле сместени, тие исто така трчале голи наоколу. Свесен за својата состојба, на почетокот на оваа година тој се пријавил доброволно во клиника за рехабилитација и одвикнување од алкохол.

После месец-дена ја напушти клиниката и почнал да дава бизарни интервјуа во кои ја навредувал и критикувал актерската екипа на  Два и пол Мажи , со кои долго време соработувал. На тапет му се најдоа и неговата поранешна сопруга Brooke Mueller како и продуцентот Chuck Lorre, кого Чарли го нарекол “ кловн и глупав, глупав мал човек“ .

 

John Galliano

Првиот човек на Dior, John Galiano ја шокираше јавност со својот антисемитски испад во Париз. Во февруари во јавноста се појави видео на кое се гледа како Galliano ги навредува Евреите.

Во ресторан во Париз, Galiano седел покрај некој пар. Во еден момент тој ја повлекол госпоѓата за коса и рекол: “Валкано еврејско лице“.  Подоцна се појавила и снимка на која се слуша како познатиот дизајнер вели : “Луѓето како вас би требало да бидат мртви. Вашите мајки и татковци, и вие сите би требало да бидете задушени со плин. Јас го сакам Хитлер“

 

Christina Aguilera

Поп иконата Кристина Агилера била уапсена на почетокот на март поради нарушување на јавниот ред и мир под дејство на алкохол. Во нејзино друштво бил и тогашниот дечко на Кристина, Matthew Rutler, кој исто така возел под дејство на алкохол.

Според очевидците, Агилера била толку пијана што не била во состојба да се грижи самата за себе. Тогаш медиумите почнале да пишуваат дека таа има проблеми со алкохолот.

 

Ryan Reynolds

Неколку недели откако се раздели од Скарлет Јохансон, глумецот Рајан Рејнолдс ја дочека новата година со колешката Сандра Булок. Медиумите во истиот момент се распишуваа за наводната љубовна врска помеѓу двајцата глумци. На крај се испоставило дека си биле само рамо за плачење еден на друг, иако јавноста не мислела така.

 

Lindsay Lohan

Веднаш, на почетокот на 2011 година контроверзната Линдзи Лохан се најде на насловните страни на светските таблоиди. Овој пат проблематичната актерка избегала од Betty Ford клиниката заедно со нејзините цимери, и отишла да си купи алкохол. Успеале да се “шмугнат” и да се прекачат преку зидот, но на враќање биле фатени. Кога Линдзи насилно одбила да направи алко-тест, се вмешала и одредена болничарка која рекла дека ќе мора да повика полиција. Глумицата тогаш ја нападнала, и болничарката се здобила со полесни повреди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi