Рамбо Амадеус му „нае.а“ се „живо“ на Жељко Митровиќ – розевиот српски тајкун!

21 август, 20110
zeljko-mitrovic

Жељко Митровиќ покажа дека не е суетен кога на својата телевизија Пинк ја емитуваше епизодата од „Невозможна мисија“, во која Рамбо Амадеус го навредуваше со најпогрдни зборови.

Во епизодата на „Невозможна мисија“ рок пејачот Ѓорѓе Давид и менаџерот Саша Мирковиќ им „сместуваат“ скриена камера на Рамбо Амадеус и на хрватскиот пејач Дадо Топиќ.

Топиќ, на кој му беа пуштани „наместени“ телефонски повици преку кои гледачите го навредуваа на национална основа, со оглед на ситуацијата, одлично се држеше.

За разлика од него, Рамбо Амадеус избувна и почна да го навредува сопственикот на Пинк дека со својата телевизиска програма уништил неколку генерации на млади во Србија.

„Никогаш нема да бидам солидарен со човек кој стана еден од најбогатите во Европа, но младите генерации ги направи тотални идиоти. Тој човек е гад над гадовите. Родената мајка би ја продал за еден динар“, во афект рекол Амадеус.

Митровиќ, кој ги бојкотираше хрватските пејачи бидејќи хрватските власти му ја одзедоа неговата јахта, нема коментар за навредите. Како и да е, важно Рамбо си кажал се што му лежи на срце за Митровиќ, па сега може мирно да си спие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit