Рамковски денеска ќе се изјасни по обвинението

popara11 јули, 20111min00
velija_1

Сопственикот на А1 ТВ Велија Рамковски, првообвинет во случајот “Пајажина“, денеска ќе даде исказ во врска со обвинението според кое се товари за злосторничко здружување, затајување данок, перење пари и злоупотреба на службената положба.

Покрај Рамковски, денеска исказ треба да дадат и Амди Рамковски, братот на првообвинетиот, Невин Рауф и Зоран Мицевски.

Рамкоски и другите 22 лица се товарат за злосторничко здружување, перење пари, затајување на данок, оштетување на доверители, како и злоупотреба на службената положба и овластувања.

Со овие дејствија, според обвинението, тие го оштетиле државниот буџет за вкупна сума од близу пет милиони евра.
Рамковски на минатото рочиште најави дека неговиот исказ ќе бил краток. Тој рече, „јас имам 15 минути, толку сум напишал“.

Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag