Расте бројот на жртви во Турција: Тројца мртви и најмалку сто повредени

20 мај, 20110
0308-turkey-earthquake-600_full_600
Најмалку три лица загинале, а скоро сто се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтер кој го погодил северозападот на Турција.
Две лица, вклучувајќи едно лице кое во паника скокнало низ прозорец, загинале во градот Симав, додека една постара жена доживеала срцев удар во градот Инегол, најверојатно заради доживеан стрес. Меѓу поголемиот број повредени, само едно лице е во потешка состојба.
Земјотресот се случил околу 23 часот, а луѓето во паника ги напуштале своите домови. Од силниот потрес, чиј епицентар бил на околу 80 километри југозападно од градот Кутахија, се срушиле неколку згради и една џамија,а потресот се почувствувал и во Измир, град кој се наоѓа на крајбрежјето на Егејското море, во Истанбул и Едрене, во близина на границата со Грција и Бугарија.
Властите во Симав, кој останал целосно без струја и телефонски врски, ја евакуирале државната болница, а повредените биле префрлени во најблиската болница. Многу жители на овој град ноќта ја минале во своите автомобили или на улиците бидејќи властите ги предупредиле да не се враќаат во своите куќи бидејќи постои опасност да се срушат.
По земјотресот следеле околу 50 помали потреси, од кои најсилниот бил со јачина од 4,6 степени според Рихтер, информирал шефот на Опсерваторијата во Истанбул, предупредувајќи дека во наредните неколку дена може да се очекуваат нови потреси.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi