Рататули е специјалитет од зеленчук, настанат во градот Ница. Може да се послужи како топло предјадење, главно јадење или ладно предјадење, бидејќи може да се подготви и ден претходно.
Подготовка:
Компирот, морковите, празот, печурките и целерот исецкајте ги на коцки. Кромидот и две чешниња лук ситно исецкајте ги. Загрејте две мали лажици масло и додадете го зеленчукот со копирот. Зачинете по вкус со сол, бибер и оригано. Додадете супа од зеленчук, поклопете и сето тоа варете го 10 минути. Истурете една чаша варен домат и оставете го на тивок оган околу 15 минути.
Состојки:
- 200гр компир
- 4 моркови
- 2 праз
- 100гр печурки
- 100мл супа од зеленчук
- 1 чаша (2,5мл) варен домат
- 4 стебленца целер
- 2 главици кромид
- 2 чешниња лук
- 2 лажици масло
- Сол, бибер, оригано