Никулците од грав извор за смртоносната бактерија

10 јуни, 20110
nikulci
Никулците сепак се изворот на заразата ЕХЕЦ која во Европа досега усмрти 30 лица. Предупредувањето за неконзумирање краставици, домати и зелена салата ќе биде повлечено.
“Растителните никулци се извор на заразата“, рекол Реинхард Бургер, директор на германскиот Сојузен завод за санитарна контрола.
По резултатите од анализата на луѓе кои конзумирале грав се девет пати повеќе изложени  на ризик од крвава дијареа и други симптоми на инфекцијата од оние кои не јаделе“, рекол Бургер.
Германија го повлекува предупредувањето за краставици, домати и зелена салата бидејќи тие не се извор на заразата како што беше претходно тврдено.
Тоа го потврдила и германската министерска за земјоделство која истакнала дека ги имаат сите индиции кои наведуваат на заклучок дека заразените никулци биле одгледувани на фарма во Долна Саксонија.
И министерот за земјоделство на Долна Саксонија, Герт Линдеман рекол дека постојат “низа индиции“ против имотот Гаернерхоф од Биененбуетал. “Имено, најмалку 80 од заразените лица јаделе грав одгледуван токму во таа фарма“, додал Линдеман.
Но, можно е никулците да биле заразени пред да пристигнат на имотот, или пак “заради несоодветна хигиена“ биле инфицирани на самиот имот, додал Линдеман.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber