
Работник кој извршувал градежни работи го затрупала земја од ископ на земјиште во Скопје на градилиште.
Имено, работникот Сали Х.(19) од скопското село Стајковци и Е.С. (22) од Сингелиќ се наоѓале во канал кој го израмнувале, а во непосредна близина Р.С. (48) од Крива Паланка извршувал ископ за водоводна канализација со машина. Во тој момент дошло до одрон на земјиште, при што од падната земја бил затрупан сега починатиот работник Сали. Х.
Присутните работници веднаш го откопале и повикале Брза помош, која констатирала смрт.
На местото на настанот излегле Истражен судија,Јавен обвинител и увидна екипа на полицијата.
По наредба на Истражниот судија, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Извор: Нетпрес