Потребни состојки:
2 пакувања равиоли со сирење
100 гр. маринирани артичоки
1 главица кромид
3 чешниња лук
4 големи домати
2 лажици пармезан
Сол и црн пипер
Масло за јадење
Припрема:
Во тенџере на оган сварете ги равиолите во солена вода. Откако ќе се сварат исцедете ги и измијте ги со стидена вода.
Во големо тавче на оган ставете 1 лажица масло за јадење да се загрее. Испржете го ситно исецканиот кромид, па додајте ги сецканите домати и артичоки, како и ситно исецканиот лук. Посолете и наросете црн пипер, па гответе ја смесата околу 5 минути со повремено мешање.
Во чинијата за сервирање ставете половина равиоли, па прекријте ги со сосот и промешајте. Потоа додадете уште равиоли и прелијте ги со сосот, а одозгора посипете со рендан пармезан. Добар апетит!