Реал Мадрид и Барселона ги понижија своите противници

popara25 септември, 20111min00
65F78B2B2

Светските гиганти, екипите на Реал Мадрид и Барселона, вчера забележаа убедливи победи. Реал Мадрид на Сантијаго Бернабе ја совлада екипата на Рајо Ваљекано со 6-2, додека Барса на Камп Ноу го декласираше Атлетико Мадрид со 5-0.

Како што беше очекувано Реал Мадрид го прекина постот од два натпревари без победа, и го победи аутсајдерот Рајо Ваљекано. Иако Реал губеше во поголемиот дел од првото полувреме, со хет-трикот на Роналдо и головите на Хигауин, Варан и замената Карим Бензема го победи Рајо Ваљекано со 6-2. Во 57-тата минута Анхел Ди Марија заработи втор жолт картон, а со тоа автоматски и црвен картон, поради играње со рака.

Иако Атлетико Мадрид до ова коло имаше само еден примен гол, тој вчера од Камп Ноу си замина со петарда. Се беше во јасно во првите 15 минути, кога со головите на Виља и автоголот на Миранда, Барса водеше со 2-0. Преостанатите голови ги постигна најдобриот играч во светот Лионел Меси, кој повторно имаше блескаво издание.

„Морам да им се заблагодарам на моите соиграчи. Ние покажавме, дека кога играме добро, ние уживаме во фудбалот. Натпреварот против Атлетико беше тежок, тие беа цврсти. Тие имаат одличен тим, и ја имаа нашата почит од првата минута, но брзиот гол ни даде предност и ја превземавме играта во наша контрола,” изјави Лионел Меси по натпреварот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma