Реал – Мурињо го посакува Сања, Рамос останува

17 мај, 20110
BakarySagnaArsenal_696067

Реал Мадрид будно го следи францускиот интернационалец од редовите на Арсенал, Бакари Сања.

Во игра за ангажирање на Французинот е и минхенски Баерн, а медиумите на Пиринеите тврдат дека Сања е близу ”Сантиаго Бернабеу”.

Жозе Мурињо планира некои тактички ротации, па со доведување на десен бек, Серхио Рамос би можел да се помести во срцето на одбраната.

Инаку, Рамос денеска ќе го продолжи својот договор со Реал до 2017. година.

Неговиот стар договор трае до 2016. година.

Тој од Севиља 2005. година се пресели во Реал, а од тогаш е еден од клучните играчи на “кралскиот клуб” со преку 200 натпревари во блеиот дрес.

И Португалецот Пепе треба овие денови официјално да потпише нов договор, бидејќи претходно договори соработка со Реал до 2015. година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma