Регистрирани се две сериозни изборни нарушувања, тврди Народниот правобранител

5 јуни, 20110
izbori2011
Канцеларијата на Народниот правбранител, од отворањето на гласачките места до 10 часот, денеска, регистрирала две сериозни изборни нарушувања, кои биле телефнски пријавени.
Во првиот случај граѓанин пријавил дека претседател на изборна комисија го спречил да гласа, по што било интервенирано до ДИК. Потоа на граѓаниниот му било овозможено да гласа. Во вториот случај во канцеларијата на правобранителот во Битола граѓанин пријавил дека имал закани за работно место да не излегува да гласа.
“Сите јавувања се пријавуваат до надлежните институции и веднаш се постапува по нив“, соопштуваат од канцеларијата на Народниот правобранител.
Исто така, од отворањето на гласачките места до 10 часот, телефонски биле пријавени десетина проблеми со гласањето. Повеќето од нив биле технички, односно граѓаните не можеле да си ги најдат гласачките места.
Граѓаните кои сметаат дека им е повредено избирачкото право во текот на денот може да пријават на бесплатната телефонска линија на канцеларијата на Народниот правобранител 080054321.
Извор:  Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *