Рекламите одговорни за нездравата исхрана на децата

popara1 јули, 20111min00
news_5065

Ограничете го времето на децата пред малите екрани и тие ќе се хранат поздраво. Новите истражувања покажале дека децата кои многу гледаат телевизија лесно паѓаат под влијание на рекламите за брза храна, па се почесто посегнуваат по хамбургерите.

Телевизиските реклами за брза храна ја зголемуваат желбата на децата за неа, особено ако поголем дел од денот поминуваат пред телевизор. Американската академија за педијатрија објавила упатство за рекламите за брза храна која сака да укаже на родителите за лошото влијание на децата.

Тим на научници од Универзитетот во Ливерпул, спровеле истражување на група деца на возраст од 6 до 13 години. Ова истражување покажало дека рекламите за брза храна и слатки кај децата предизвикува желба за овие производи.

Анкетираните деца изразиле поголема желба за слатка и масна храна по гледањето на реклами за “брза храна”, за разлика од оние денови кога гледаат реклами за играчки. Тоа особено важи за деца кои секојдневно гледаат тв, повеќе од 20 саати неделно.

Сепак, научниците напоменуваат дека рекламите за нездрава храна не може да бидат одговорни за зголемување на бројот на дебели деца, бидејќи тие претставуваат само мал дел од голем број на фактори кои влијаат врз него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag