Решена мистерија! Во вселената има вода! Комета со океан пронајдена…

7 октомври, 20110
comet_430902S1

Вселената, или барем Сончевиот систем, би можел да биде полн со океани, покажале анализите на кометата „ Hartley 2“, која ја објавила вселенската опсерваторија Herschel. Како што тврдат научниците од Универзитетот во Мичиген, во кометата била забележана вода со ист состав како онаа која постои во океаните на Земјата.

Водата на Земјата од секогаш била предмет на мистерија, бидејќи сегашните податоци покажуваат дека океаните настанале пред осум милиони години по формирањето на Земјата. Станува збор за краток геолошки период, но фактите сепак упатуваат на тоа дека океаните настанале во специфичен процес кој бил нужно поврзан со формирањето на нашата планета.

Главните осомничени за донесувањето на водата на Земјата од секогаш биле астериодите, а подоцна кометите. Сепак, до ова откритие немало пронајдено ниту една комета на која постои океанска вода – хидроген изотоп со неутрони во неа.

Научниците сега веруваат дека океански води има уште повеќе на пространствата на Купиеровиот појас, далеку на рабовите на Сончевиот систем, од каде и стигнала целата вода од која зависи животот на Земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi