Ричард Џенкинс ќе потпише договор со кој ќе и се приклучи на екипата на филмот „One Shot,” во кој главна ѕвезда ќе биде Том Круз.
Во адаптацијата на новелата на Ли Чајлд, главната улога, покрај Том Круз, ја има и Розамунд Пике. Режисер и сценарист на филмот е Кристофер Мекквари.
Во филмот „One Shot,” поранешниот полицаец Џек Ричер (Круз) го истражува убиството на пет лица од страна на снајперист.
Џенкинс треба да го глуми главниот обвинител.