Ријана троши 1 милион долари годишно за фризер :) Woooow!

popara21 август, 20111min00
rijana-frizuri

Според минатонеделниот напис во британскиот весник „Daily Mail“, музичката супер ѕвезда Ријана која фризурите ги менува како камелеон, троши приближно 23.000 долари за фризер неделно. Епа, сега, која е таа среќничка што ждере пари од Ријана за средување на нејзината боја на коса, фризура и стил? Се работи за стилистот за коса на многу други познати ѕвезди по име Урсула Стефан, која на Ријана и наплаќа околу 3.200 долари дневно за да ѝ биде достапна 24/7.

За една поп ѕвезда која по неколку пати неделно се појавува на сцена и во јавност (и која заработува над 20 милиони долари годишно), милионската инвестиција за нонстоп средена коса е донекаде можеби и исплатлива.

Во текот на нејзината досегашна кариера, авангардните фризури за Ријана станаа заштитен знак (таа смени дури 13 фризури претходната година!).

Од боб фризура, плетенки, па сè до нејзиниот нов заштитен знак – скарлетната нијанса, повеќе од јасно е дека Ријана ја става косата на прво место, пред сè друго. Но, дали сметате дека милионската сума која ја добива Урсула има смисла?

Еве, погледнете дел од колекцијата фризури на Ријана:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag