Латиноамериканскиот пејач Рики Мартин сака да ја озакони четири годишната врска со својот партнер Карлос. Тој има желба церемонијата да ја направи во родниот Порторико.
Не сакам ништо да форсирам, само го прашав Карлос дали сака да ја озакониме нашата врска, а тој ми одговори дека му се допаѓа мојата идеја, но сепак нема потреба од брзање, изјавил Рики Мартин. Најголем проблем им претставува тоа што хомосексуалците во Порторико немаат право да склопуваат геј бракови, но се надеваат дека тоа ќе се промени.
Рики Мартин пред две години од сурогат мајка ги доби близнаците Валентина и Матеа.