Рижото со печурки
23 јуни, 20110

Подготовка:
На масло пропржете го кромидот и печурките ситно исецкани, додадете и вино и оставете да малку да испари. Потоа додадете го оризот, посипете со зачин, прелијте со врела вода, измешајте и гответе го 15-20 минути на слаб оган, за оризот да не се превари. Тргнете го од шорет, измешајте го путерот со пармезанот и сервирајте го топло како предјадење.
Состојки:
- 350гр ориз
- 1л вода
- 1 лажица зачини
- 50гр путер
- 200гр печурки
- Пола главица кромид
- 8 лажици масло
- 100гр пармезан
- 1,5дл бело вино