“Скромните” барања на ѕвездите на Егзит

23 јуни, 20111
naslovna

Jay Kay доаѓа со свита од 25 луѓе, Arcade Fire забранија пушење во радиус од неколку стотини метри

Дека славата носи одредени привилегии знаевме сите, но од година до година барањата на размазените ѕвезди ни покажува колку всушност денес се исплати да се биде рок ѕвезда. Најскапиот кавијар, кинески чаеви од саќе, „Evian“ вода и прехрамбени барања за во бекстејџ на пет А4 страници се вообичаени, така што веќе не би не изненадило и ако светски познатите изведувачи побараат и мунгос на стапче или вселенски брод.

Jamiroquai доаѓаат во екипа од 26 луѓе, од кои за главната ѕвезда е побаран луксузен апартман, а за остатокот на екипата 25 еднокреветни соби во хотел од пет ѕвездички. Џеј Кеј очигледно има лошо искуство со настапите во спортски сали, бидејќи јасно напомена дека од бекстејџот мора да бидат отстранети сите неонки и дека осветлувањето мора да биде пријатно, а дека организаторот мора да даде сé од себе за да бидат отстранети било какви непријатни миризби.

Кога станува збор за барањата за пијалоци, изведувачите беа скромни. За бендот се побарани неколку шишиња најквалитетно француско вино, шампањ, како и француско пиво Кроненберг од пивара која постои од 1664 година. Џеј Кеј побара и врвен кавијар Белуга, тегла органски мед и специјален кинески чај за енергија на база на саќе. Енергија секако ќе му биде потребна, со оглед на тоа колку се моќни неговите настапи.

Барањата на Jamiroquai, сепак, не се ништо во однос на сé она што го побараа Arcade Fire. Очигледно дека сите тие големи награди кои ги собраа од август изминатата година, кога беше објавен нивниот последен албум, The Suburbs, влијаеле и на нивните желби. Бендот побара масерка која ќе дојде директно на тврдината, а во склад со тоа во бекстејџот треба да им се обезбеди посебна соба за масажа. Истотака рок ѕвездите се големи приврзаници за заштита на животната средина, па инсистираа дека во бекстејџот сé треба да им биде послужено на биоразградливи чинии, со строга забрана за користење на стиропор.

Што се однесува за вечерата, според стандардните желби, Arcade Fire сакаат порцелански чинии и сребрен есцајг… елегантно, нема што! На бендот истотака им е од особена важност и посебно нагласуваат чајот да им биде послужен во чајник од не’рѓосувачки челик, а кога ќе посакаат нешто да каснат пред настап, оброците ќе им ги подготвува нивниот готвач во бекстејџот. На организаторите останува само да обезбедат свежи намирници кои, ќе погодите, не се ниту достапни во овој дел од светот.

Покрај тоа што за настапот бендот побара вкупно 84 пешкири, строго напоменаа дека пушењето е забрането пред и за време на целото траење на нивниот концерт.

Покрај барањата на ѕвездите кои се изработени на основа на стилот на живот кои на обичните луѓе им се чини екстравагантен, секогаш постојат и оние барања кои се резултат на чист каприц, или пак смисла за хумор на изведувачите. Така Steve Aoki, диџејот кој настапува на Денс Арената, покрај сосема вообичаените барања, побара и торта, на која ќе биде напишано „AUTOEROTIQUE: TURN UP THE VOLUME”.

Домашниот бенд Сви на под кој оваа година настапува на Фјужн бината во делот за гостопримливост напомена: „Сви на под! немаат големи и посебни желби, а ја ценат секоја добра гостопримливост.“

Гостопримливост и ќе ги дочека.

www.exitfest.org

One comment

  • Vele

    23 јуни, 2011 at 14:08

    abe, za raka site i pred gratsko WC, i neka se iznajadat

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi