Холивудскиот ветеран Роберт де Ниро од немарност ја скршил својата статуетка што во недела ја доби за животно дело, на доделувањето на наградите “Златен глобус”.
Појавувајќи се без својот “трофеј” пред новинарите, славниот актер објаснил дека статуетката му паднала од рака и при тоа се скршил нејзиниот горен дел. “Ми ветија дека ќе ми ја вратат наградата кога ќе ја поправат”, изјавил Де Ниро. Познатиот актер во својата кариера има освоено бројни награди, меѓу кои и два Оскари.
Извор: Нетпрес