Роберт Кубица – првиот Полјак во Формула 1

15 август, 20110
0

Роберт Кубица  е роден на 7 декември 1984 година во Краков, Полска, тој е првиот Полјак кој се натпреварува во Формула 1. Во периодот помеѓу 2006 и 2009 година Кубица возел за тимот на БМВ Заубер. Каде од тест возач преминал во главен возач за тимот во 2006 година.
На 6 февруари 2011 година, Кубица бил сериозно повреден во трката Ronde di Andora, каде учествувал од лични причини и задоволство. Кубица се уште е на рехабилитација, но неговата иднина во Формула 1 се уште е неизвесна.

Картинг

Кубица својата љубов према автомобилите ја покажал уште во раната возраст. Поради големата љубов, неговит татко одлучил да му купи мало возило кое било на моторен погон, каде Кубица секојдневно со часови возел помеѓу пластични шишиња поставени во својот двор. Кога веќе било јасно дека Кубица има потреба од подобро возило, татко му одлучил да му купи картинг возило. Кубица веднаш почмал да се натпреварува во картинг шампионатот каде освоил шест титули во последните три години.
Кубица, исто така, постигнал добри резултати во Европското првенство во Монако. Неколку пати ја бранел титулата во Италија. На крајот кубица имал постигнатол солидни резултати возејќи картинг.

Формула јуниор

Кубица својата професионална кариера ја започнал во 2000 година, како тест-возач за Рено во Формула 2000. За време на својата прва професионална сезона во Формула Рено, Кубица ја постигнал својата прва деби пол-позицијата, а исто така станал и член на програмата на Рено за развој на млади возачи. После Формула Форд Кубица преминал во Формула 3 каде имал и сериозна повреда на раката, но по санација на раката каде му биле вметнати метални прачки, Кубица веднаш го продолжил првенството и на крајот го освоил 12 место во генералниот пласман. Во 2005 година го освол Рено шампионатот со тимот на Еускади, каде му се отворил патот за тест возач во Ф1 тимот.

Формула Еден

Во 2006 година, Кубица и официјално станал резервен возач на БМВ Заубер во Формула 1. Поради недоразбирањата кои ги имал Жак Вилнев со тимот на Заубер, тој си заминал од тимот на БМВ, а Кубица го заменил како главен возач. Тој следната трка за голенмата награда на Унгарија завршил на 9-тото место пред неговиот колега Ник Хајфилд.

Во 2007 година на Канадскиот Гран При, Кубица имал сериозна несреќа кога се удрил во болидот на Јарно Трули и излетал од патеката со многу голема брзина. Кубица веднаш бил пренесен во болница каде докторите изјавиле дека нема сериозни повреди на телото.

Во 2008 година од страна на тимот на Заубер било потврдено дека Кубица останува и понатаму во тимот. На 8 јуни 2008 година Кубица ја освојува својата прва победа во Ф1 шампионатот на Канадскиот Гран При. На крај на шампионатот Кубица завршил четврти во генералниот пласман.

2009 година била проблематична за Кубица но и за тимот на БМВ Заубер. Сезоната поминала со многу проблеми на моторот на БМВ, каде што многу трки биле завршени без бодови. БМВ во текот на сезоната одлучил да го модифицира моторот, со што резултатите малку се подобриле, но сепак на крајот раководството на БМВ изјавило дека се откажуваат од натпреварите во Формула 1, а Кубица го прогласиле за слободен возач.

Во 2010 година Кубица се преселил во тимот на Рено, но неговата иднина била неизвесна поради финансиските скандали кои насатале во компанијата. Сепак Кубица на крајот останал во тимот на Рено.

Во 2010 година Кубица забележал солидни резултати каде освоил и неколку втори места и едно трето во шампионатот. Новинарот Марк Хјуз забележал дека Кубица во сезоната 2010-та бил најдобар возач според способностит и вештините кои ги покажал при трките, и да имал подобар болид сигурно би бил меѓу првите, ако не и прв.

Во 2011 година Кубица останува во Рено, но сега под името Лотус Рено ГП. На 6 февруари Кубица бил сериозно повреден во трката Ronde di Andora каде тестирал Шкода Фабиа и со голема брзина удрил во заштитните столбови на патеката. При сударот Кубица се здобил со скршеници на рацете и нозете. Кубица се уште се опоравува од повредите, додека Лотус на негово место во тимот го довел Ник Хајдфилд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi