Поп пејачот Роби Вилијамс, се одлучи да лансира сопствена модна линија. Тој веќе ја спровел својата идеја на дело, па неговата колекција на пазарот ќе се појави во септември 2011 година.
Колекцијата ќе биде наречена Фарел, по неговиот дедо. Инспирацијата ја пронашол од британскиот класичен стил помешан со допир од модата на денешницата.