Роботи ќе ги чуваат јужнокореанските затвореници!

24 ноември, 20110
roboti

Сеул – роботи полицајци кои во себе ќе имаат сензори и ќе може да го детектираат секое абнормално однесување, наскоро може да патролираат низ затворите во Јужна Кореа, со цел да се олесни рааботата на чуварите.

Група научници развиле модел на робот чувар во рамките на проектот вреден 850.000 долари кои го организирал министерството за применети науки. Роботот со висина од 1,5 метри ќе се движи на 4 тркала и најчесто ќе се користи во текот на ноќта.

Сензорите кои ќе бидат во роботите ќе ги детектираат сите абнормални однесувања, како насилство на пример и веднаш ќе испратат информации до дежурниот чувар.

„До сега работевме на развојот на оперативниот систем, сега работиме на тоа роботите да изгледаат по пријателски за затворениците“, изјавил Ли Баик Чул, раководителот на проектот.

Плановите се три роботи чувари да се тестираат прво во неколку институции во март наредната година.

Јужна Кореа настојува да биде светски лидер во роботиката, а научниците од оваа земја веќе дизајнирале неколку роботи кои предаваат англиски јазик во училиштата, чистат куќи итн..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi