Костурот на тимот во целост се менува за следната сезона. На Абрамович му ‘прекипе’, со нови луѓе во нов поход на Европа.
Флоран Малуда и Николас Анелка се пред заминување од ”Стемфорд Бриџ”, бидејќи Челзи планира голема реконструкција на екипата.
Пред заминување се и Жозе Босингва, Паоло Фереира и Јури Жирков, како и Дидие Дрогба.
Неизвесно е и местото на тренерот на ”сините”, бидејќи сеуште е отоворено прашањето дали Анчелоти ќе остане.
Погоре споменатите играчи го чинеа Челзи речиси 100 милиони фунти.
Сигурно ќе останат легендите во клубот Френк Лампард и Џон Тери. Фернандо Торес е нов и сигурно ќе остане, како и Давид Луиз.
Се очекува Абрамович повторно да вложи големи пари во засилувања, а голем е број и на имињата кои се во комбинација.