Роман Абрамовиќ има проблеми со големината:))) Не му влегува…ама воопшто:)

popara24 август, 20111min00
0

Пред еден месец, рускиот милијардер со својата јахта “Луна” (115 метри) која се претпоставува дека е една од најголмите јахти во светот, пристигнал во Задарскиот канал. Пред Задар и Шибеник милијардерот бил во Дубровник, а во јуни ја посетил и Венеција. Роман Абрамович по јадранот крстарел со својата девојка Дарија Жукова. Додека во Задар јахтата привлекувала многу внимание, во Венеција, локалните жители се побуниле против Абрамовиќ бидејќи јахтата им го блокирала погледот кон морето.

Рускиот олигарх, чие богатство се проценува на 11.2 милијарди долари, пред еден месец допловил во Франција но сега со неговата втора јахта “Еклипс”, тој во пристаништето Антибес имал големи проблеми бидејќи јахтата не можела да се вкотви во пристаништето поради нејзината големина од 170 метри. На јахтата има дискотека, блиндирани прозорци, два базени, велнес центар, анти-ракетен штит, 15 соби, секоја со луксузни бања, три помали бродови и подморница која може да се нурне на длабочина од 50 метри. Јахтата се градела четири години, а нејзината изградба чинела 1,2 милијарди долари, Абрамович за годишното одржување  плќа по 50 милиони долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag