Розови нијанси се ин ова лето!

26 јуни, 20110
-

Мејк-ап уметниците ни порачуваат дека модерни се розевите нијанси, а се носат како на образите, така и на усните и очите. Кога е мејкап во прашање доминираат розовите тонови оваа сезона. Розовата боја пред се ни дава младолик и природен изглед. Освен тоа може да се комбинира на повеќе начини па дури и со црвена.

Подлога

После хидратантна крема нанесете пудра во боја на вашиот тен или за нијанса потемна. Ако имате вишок сјај на лицето отстранете го со пудра во прав. Ако имате лежерен стил на облекување изберете полесни нијанси на розова. За уште повеќе да се истакне применете молив во розова боја и нанесете на горните и долните очни капаци. Потоа ставете светкава или мрсна сенка само на горниот очен капак. На крај истакнете ги трепките со маскара од еден слој. На усните можете да нанесете сјај, а доколку повеќе сакате да ги нагласите нека вашиот избор биде светол мат кармин во нијанси на розева.

За дами кои сакаат да бидат поелегантни и гламурозни, уметниците посочуваат комбинација на темно и металик розови тонови.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *