Русите ќе градат нуклеарка на вода! Ај нека е за арно…

6 август, 20110
169362_plutajuca-nuklearka_f

Првата нуклеарна централа која ќе плови на вода ќе ја градат Русите, и треба да биде готова до 2014 година. Русија веќе е во исчекување на работна дозвола, и изградбата ќе започне на полуостровот Камчатка, изјавил деканот на одделот за менаџмент и хај-тек економија на Рускиот национален универзитет за нуклеарно истражување, Александар Путилов.
Тој изјавил дека првите единици на подвижната нуклеарна централа веќе се во изградба на бродоградилиштето во Санкт Петербург.
Руската компанија “Rosenergoatom” највила дека во следните десет години ќе изгри флота од седум пловечки нуклеарни централи преку јавни-приватни партнерства.
Портпаролот на една од филијалите на “Rosenergoatom” Сергеј Завјалов ја изнел проценката на трошоците за изградба на една ваква нуклеарка која ќе има моќност од 70 мегавати, таа би требало да чини околу 400 милиони евра, а изградбата би траела до четири години. Доколку е потребно, нуклеарката може да произведува и топлинска енергија.
Пловечките нуклеарни централи ќе бидат поставени во близина на брегот, така што тие ќе можат да бидат поврзани со кабли за пренос на електрична енергија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi