Руските богаташи уморни од трошење, на сцена стапуваат индиските

7 април, 20110
jahta1
Индијците се најверојатните членови на клубот на супербогаташите во светот, кои во идните пет години ќе трошат енормно многу пари на приватни авиони и јахти, а богатите од Африка и од Русија веројатно ќе ги зголемат своите донации за добротворни цели, објавува “Ројтерс“ цитирајќи резултати од истражување на американската финансиска групација “Сити Груп“, пренесува Нетпрес.
Според проучувањето на 160 консултанти во меѓународната финансиска групација “Сити Груп“, од кои секој претставува по околу 5.000 клиенти со просечно богатство од над 100 милиони американски долари, супербогатите Индијци имаат најголема желба за купување на приватни авиони и јахти, со што си ги зголемуваат своите расходи за 93 отсто.
Извештајот за богатството за 2011 година, изготвен од “Ситигруп Сити Прајват Бенк“ и компанијата за луксозни имоти “Најт Франк“, Русите се измориле од шопинг на на луксузни и енормно скапи додатоци.
Сите испитаници во анкетата посочиле дека во последните пет години ги зголемиле своите расходи, купувајќи приватни авиони и јахти, но само половината од консултантите очекуваат во идните пет години, да продолжат да се зголемуваат купувањата на овие лускузи.
Сите консултанти, кои учествувале во истражувањето се со став дека нивните африкански и руски клиенти најверојатно ќе ги зголемат сумите за филантропија.
Резултатите од проучувањето уште покажале дека ќе има одлични зделку за продавачите на недвижен имот во Њујрк и во Лондон, кои се на водечките две позиции во списокот на супербогатите како приоритетни градови. Очекувањата се дека овие две светски метрополи ќе ги задржат лидерските позиции и во идните 10 години, иако Пекинг и Хонг Конг им приближуваат.
Лондон е класифициран малку послабо во рангирањето на “најромантичните градови“ за мултимилионерите, завземајќи ја третата позиција по Париз и Њујорк. “Големото јаблоко“ е на лидерското место и во “хфоенистичката“ категорија, пред Хон Конг, Токио и Париз.
Но, анкетата покажала дека Њујорк е едвај на четвртата позиција во “претприемачкото“ класифицирање, во која првите три места ги завземаат кинеските Шангај, Хон Конг и Пекинг.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma