Руските специјалци јадат храна за кучиња

popara21 мај, 20111min00
food_bowl

Еден поранешен офицер во руското Министерство за внатрешни работи, изјави дека на припадиниците на специјалните сили  им било давана храна за кучиња и мачки, а дека лименките со конзервирана храна имало налепници на кои пишувало дека е квалитетно говетско месо, пренесува Ројтерс.

Поранешниот мајор Игор Матвејев, изјавил дека официјалните лица сакале да го прикријат овој скандал, но и сите останати неправилности кои се случувале во базата во Владивосток, на истоткот на Русија. Откако на почетокот на овој месец, го ставил на интернет филмот за раширената корупција во министерството, добил отказ, пренесува Хина.

Срамно е да се каже, но специјалците ги ранеа со кучешка храна. Подготвувана како гулаж, изјавил Матвејев. Додал дека во базата работеле и илегални работници, корејци и кинези. Тој најавил и дека ќе поднесе жалба на одлуката за негово отпуштање, а во десет минутното видео ги повикува Медведев и Путин, да реагираат на состојбите кои се случуваат кај безбедносните сили.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag