Од сите житарици нутриционистите ‘ржта ја ставаат прва на листата за здрав стомак. За разлика од пченицата, која исто така е многу здрава, ‘ржта содржи помалку скроб и подобро го регулира варењето на храната. Исто така и го намалува холестеролот и нивото на шеќер во крвта.
Оваа житарица изобилува со минерали, калиум, магнезиум, цинк и железо и витамини од групата Б.
Најновите истражувања укажуваат на тоа дека влакната од ‘ржта го убрзува процесот на варење на храната, и го решава проблемот со столицата за 40% побрзо од лаксативите. Клучот е во супстацата која ја содржи, а таа ја поттикнува бактериската ферментација во дебелото црево и истовремено ја намалува pH вредноста, а со тоа се овозможува дејствување на дигестивните ензими.