Наскоро, резервации на авионски билети преку “Google”

8 април, 20110
0836007.48

Официјалните власти во Вашингтон му дозволиле на “Google“ за 700 милиони долари да ја купи фирмата  “ITA Software”, специјализирана за развој на софтвери и услуги за компании кои рабтат на резервации на авионски патувања.
“Google“ со оваа аквизиција ќе стане важен сајт за “online“ резервации и планирања на авионски летови, пишува “Вашингтон пост”. Поточно, “ITA Software“ ги превзема информациите за летотвите, нивниот распоред и цени, и ги доставува до своите партнери.
“Google“ и претходно има објавено дека има намера да ја користи технологијата на “ITA Software“ во својот сервис за пребарување, и да им овозможи на потенцијалните патници директна резервација на авионски билети. Со превземање на  “ITA Software“, “Google“ ќе работи на усовршување на софтверот за пребарување на летови кој ќе овозможи нивно полесно пронаоѓање, споредба на цени и полесно поврзување со корисници кои ќе сакаат да купат билет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *