Сабонис преживеал клиничка смрт

popara29 септември, 20111min00
ArvydasSabonis11

Прославениот литвански кошаркар, Арвидас Сабонис, преживеал тежок инфаркт и во моментов успешно се опоравува во болницата во Каунас, а лекарите соопштиле дека поранешниот кошаркар на Жалгирис и Портланд неколку секунди бил клинички мртов.

Во соопштението на националната кошаркарска федерација се наведува дека на Сабонис му се слошило во вторникот вечерта, додека со пријателите играл баскет. Веднаш реагирала медицинската екипа и лекарите буквално за неколку секунди биле побрзи од смртта.

„Арвидас се чувствувал добро и се опоравувал побргу од тоа што се очекувало,” изјавил по излегувањето од болницата генералниот секретар на Кошаркарската федерација на Литванија, Миндагуас Балциунас.

Тој додал дека Сабонис не се откажува од кандидатурата за претседател на националната кошаркарска федерација. Изборното собрание е закажано за 24 октомври.

Раководителот на кардиолошкото одделение во болницата во Каунас, Ремигијус Жалиунас, изјавил дека Сабонис го спасила брзата интервенција на лекарите.

„Арвидас имал среќа што доживеал инфаркт во центарот на градот. Многу брзо бил донесен на вистинското место, иако за момент бил клинички мртов, лекарите успеале да го вратат во живот,” изјавил д-р Ремигијус.

Сабонис кариерата ја започнал во Жалгирис. Со репрезентацијата на Советскиот Сојуз го освоил златниот медал на Олимписките игри во Сеул во 1988 година, а со репрезентацијата на Литванија, два пати беше трет на Олимписките игри.

Тој беше член на НБА тимот Портланд од 1995 до 2003 година и е член на Кошаркарската куќа на славните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag