САД: Ќе го убиеме и Завахири

popara17 јуни, 20111min00
Adm.-Mike-Mullen
Соединетите Американски Држави ќе го уловат и ќе го убијат новиот лидер на Ал Каеда, Ајман ал Завахири исто како што тоа го стори со Осама Бин Ладен, изјавил вчера командантот на главниот американскиот генерал штаб, Мајк Мулен во Вашингтон.
Адмиралот Мулен нагласил дека Ал Каеда и понатаму претставува закана за САД.
“Како што настојувавме да го фатиме и убиеме Бин Ладен, и на крај успеавме во тоа, сигурно ќе го сториме истото и со Завахири“, рекол Мулен.
Именувањето на Завахири за наследник на Бин Ладен беше објавено на исламистичката интернет страница. Тој долго време бил втор човек во терористичката организација.
Ал Каеда ветила дека ќе продолжи “џихадот“ или светата војна против САД и Израел “се’ додека окупациските војски не ја напуштат земјата на исламот“.
Осама Бин Ладен беше убиен во акција на американска специјална единица во Пакистан на почетокот на мај.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag