Шон Пен не губи време
17 јуни, 20110

Не помина ни еден месец од разделбата на Шон Пен и Скарлет Јохансон, а тој веќе се снајде. Тој започнал врска со колешката Гарсел Буве.
Тие се видени на доделувањето на наградите во Кан. Потоа уште неколку пати се видени заедно како се забавуваат во ноќните клубови во Лос Анџелес. Нивното заедничко излегување привлекувало внимание каде и да се појават. Иако нивните менаџери не ја потврдуваат веста, сепак новинарите на големо пишуваат дека тие се во врска.