САД: Викиликс опасен по животот на луѓето

31 август, 20110
32151

Американскиот Стерт департмент изјавил дека Викиликс ги загрозува животите на луѓето, бидејќи порталот објавил илјадници тајни документи, а во некои документи се наведуваат и имиња.

“Освен што ги доведува во прашање нашите дипломатски напори, исто така, ја загрозува безбедноста и на луѓето. Викиликс ја загрозува нашата национална безбедност и ги поткопува нашите напори да соработуваме со други земји за да решиме заедничките проблеми”, изјавила портпаролката на Стејт департментот, Викторија Њуланд.

Американската администрацијата и понатаму ќе се ангажира со цел да се намали штетата врз националната безбедност, и на овие што веќе им е нанесена штета од лажните објави на порталот.

Порталот претходно документите ги објавувал на некои ексклузивни весници, меѓу кои се Њујорк тајмс и францускиот Монд.

Тоа е направено токму со цел да се спречи се идентификација на изворите на информации. Сега, сепак, Викиликс директно ги објавува статокот од околу 250.000 документи, а New York Times, открил дека некои од нив содржат имињата на изворите.

Претседателката на невладината организација “Human Rights First”, Елиса Масимо предупредила дека објавувањето на имињата на изворите нив ги става во ризик и одмазда од страна на Владите кои ги обвинуваат дека ги малтретираат и затвораат.

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж, изјавил дека никој не го загубил животот откако ги објавувил првите тајни документи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi