Саиф ал Ислам : Ќе ја окупираме Европа како скакулци!

popara4 јули, 20111min00
naslovnaa

Воената кампања на западните сили да го отфрлат либискиот лидер Моамер Гадафи е осудена на пропаст, а нивните воздушни удари станаа “ легитимни мети” изјавил синот на Гадафи, Саиф ал Ислам за француската телевизија.

Тој изјавил дека неговиот татко нема намера да ја напушти земјата, како дел од преговорите кои од него браат после четири децении да си оди од власта.

Вие нема да победите. Немате никакви шанси за тоа, изјавил Саиф.

Доколку сте лути на нас што не купуваме “рафал” авиони, требаше да разговарате со нас, изјавил мислејќи на француските воени авиони кои Париз се обидуваше да ги продаде пред да избувне побуната против режимот на Гадафи.

Тој изјавил дека либиските власти се спремни за прекин на огнот, и спремни се за демократија, избори и нов устав, но барањето неговиот татко да ја напушти земјата го нарекол “шега”.

Ние никогаш нема да се предадеме. Ќе се бориме. Ова е наша држава. Ние мора да се бориме за својата држава и вие за нас ќе бидете легитимна мета, додал Салиф.

Либискиот лидер обраќајќи им се на приврзаниците во Триполи во петокот, го повика НАТО да престане со воздушни напади или ќе биде сведок на либиските борци како се спуштаат во Европа, како инвазија од скакулци и пчели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag