Иако консумирањето на овошје е еден од најдобрите начини да се избегне натрупувањето на вишок килограми, не смееме да заборавиме на моќта на зеленчукот. Во текот на пролетта и летото почастете се со вкусни салати од избран зеленчук и гледајте како маснотиите се топат.
Понекогаш дури и со здрава, урамнотежена исхрана и редовна физичка активност се чини дека мастите решиле да си останат на своето место. Затоа помеѓу оброците, „грицкајте“ зеленчук, бидејќи тој е преполн со антиоксиданси кои му помагаат на телото да се ослободи од сите отрови и штетни материи кои се насобрале во телото. Покрај тоа, одредени видови зеленчук имаат моќ да ги растопат акумулираните масти во телото.
Еве некои од најделотворните комбинации…
Брокула и карфиол
Овој вид на зеленчук нема калории и е полн со антиоксиданси и растителни влакна. Нутриционистите велат дека тајната за губење на вишокот килограми е во зголеменото на внесување на растителни влакна во организмот. Затоа, ако со нетрпение сакате да се ослободите од маснотиите на стомакот и познатите „љубовни перничиња“, секојдневно уживајте во белиот и зелениот зеленчук. Покрај тоа, брокулата и карфиолот ќе ја успорат работата на вашиот дигестивен систем што ќе добиете чувство на ситост и минимизирање на желбата за храна.
Лути пиперки
Ако патите од спор метаболизам, време е да ги забрзате работите. Лутите пиперки ја содржат „магичната состојка“ капсицин која придонесува за забрзување на работата на срцето, а со тоа се забрзува метаболизмот и се поттикнува губењето на килограмите. Всушност и останатите видови на лут зеленчук се одлични за топење на калориите и мастите, па затоа пуштете ја фантазијата и искомбинирајте ги лутите пиперчиња во разни оброци.Морков
Морковите со богати со каротин, кој всушност е состојка која го чисти организмот од насобраните токсини кои често предизвикуваат надуеност на стомакот. А токму овие токсини се причината за формирање на масните наслаги околу стомакот. Посакуваната витка линија и здрав метаболизам можете да ја остварите со помош на овој зеленчук, а кој можете да го консумирате во вид на вкусни салати или сокови.
Лук
Нутриционистите откриле дека лукот е еден од најдобрите природни диуретици и е совршен борец против насобраните токсини и масти во телото. Природните состојки на лукот ги топат масните наслаги и спречуваат нивно повторно создавање во пределот на стомакот.
Ротквица
Овој неверојатен зеленчук има високо ниво на железо магнезиум. И благодарение на овие состојки, ротквицата ќе ја исчисти слузницата на желудникот, ќе ја подобри функцијата на дигестивниот систем и ќе ви помогне да ги изгубите несаканите килограми