Сам свој киднапер! Македонец барал откуп за сопствениот живот! :)

popara25 ноември, 20111min00
39033

Еден македонец им испраќал на своите родители лажни смс пораки дека е киднапиран и барал 10.000 евра как откуп за неговиот живот.

Полицијата ја открила измамата, бидејќи таткото пријавил дека синот му е исчезнат. Со истрагата е утврдено дека приказната за киднапирањето тој ја измислил сам, а на тој начин сакал да изнуди пари од својот татко.

Триесет годишниот Д.С. од Велес, барал откуп за сопствениот живот, така што на родителите им испраќал смс пораки од различни телефонски броеви, а картичките подоцна ги фрлал.

Во последната порака тој навел дека се наоѓа во близина на Билјанини извори, дека бил цел во крв и дека бара помош од полицијата. Со  оглед на тоа дека не добил пари и бил откриен, тој се вратил дома.

Полицијата не открила зошто ги барал парите, но се претпоставува дека му била потребни за враќање на долгови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma