Сами направете сјај за усни

6 август, 20110
sjaj za usta

Здраво и хранливо за помеки и посјајни усни.

Во лето е одлично да користите балсам за усни со заштитен фактор, но понекогаш, од толку многу производи, може да ни се исушат усните и да не знаеме што да ставиме на нив. Кога усните се многу суви и груби, тогаш е време за домашно подготвен сјај.

Потребни состојки:

  • 12-15 свежи брусници
  • 1-2 мали лажички домашен мед
  • 1 лажица бадемово масло

Сите состојки заедно ставете ги на неколку минути во микробранова печка, така што медот ќе премине во течна состојба. Потоа, сето тоа промешајте го добро, брусниците иситнете ги со миксер за да добиете кремаста смеса. Ако не успете сите да ги иситните, отстранете ги преостанатите парчиња овошје.

Сјајот е подготвен за употреба, а остатокот ставете го во херметички затворен сад и користете го колку што сакате.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit