Сателит открил изгубено племе во Амазон

25 јуни, 20110
plemeamazon

Владини официјални лица на Бразил потврдиле постоење на племиња во Амазон, кои бројат околу 200 припадници и кои до сега немале никаков контакт со цивилизираниот свет, откако биле откриени со помош на сателитски снимки.

Три големи племиња во прашумите биле откриени во близина на границата со Перу, но нивното постоење е објавено по неколк предходни авионски експедиции.

Локалната владина агенција Националната индијанска федерација, експедициите ги спровела со помош на авиони за да не ги вознемири иолираните племиња кои живеат во тие области на Амазон.

Политиката на Бразил не дозволува директен контакт со овие племиња, туку напротив, се обидува да ги спречи сите можни инвазии на нивна територија, за да се сочува нивната автономија. Според проценките на оваа организација во областите на Амазон живеат 68 различни племиња.

Припадниците на новото откриено племе живеат во сламени куќи, а одгледуваат пченка, банани, кикирики и други бројни култури.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *