Американските медиуми веќе отворија расправа за тоа што ќе се разговара на самитот во Вашингтон на кој САД ги повика сите свои амбасадори во земјите ширум светот, нешто што никогаш во минатото не се случило, се вели во соопштенијата до американските медиуми.
Една од Интернет страните известува дека се очекува амбасадорите од скоро 260 американски амбасади, конзулати и претставништва во повеќе од 180 држави да присуствуваат на нешто што го нарекуваат “прв состанок од таков вид“.
Останатите американски медиуми, пак, пишуваат дека американската државна секретарка Хилари Клинтон го свикала овој досега невиден масовен состанок на американските амбасадори.
Извор: Нетпресс