Се „мотаат“ некои информации за најновиот IPhone5

30 август, 20110
IPhone

По напуштањето на позицијата, извршениот директор на Ејпл – Стивен Џабс, се надеваат дека паднатите акции на коорпорацијата ќе се вратат во нормала со изнесувањето на најновиот IPhone 5 на пазарот.

И покрај гласините, TechCrunch ја потврдуваат конкретната верзија на идниот светски телефон, кој ќе работи и на GSM и на CDMA мрежите. До сега во САД постоеја само верзии кои можеа да работат само на една од овие мрежи, а отсега сите корисници на IPhone5, а посебно тие кои често патуваат на релација САД – Европа, нема повеќе да стравуваат дека CDMA телефоните нема да работат на европските GSM мрежи.

На интернет веќе можат да се најдат фотографии за изгледот на новиот IPhone кои се пласирани од кинеските произведители на компонентите на телефонот, а исто така се објавени и футролите за идниот IPhone, кои се исто така произведени во Кина. НА сликите може да се забележи дека новиот IPhone ќе има поголем екран, кој ќе ја завзема речиси цела предна површина на телефонот, значи ќе биде тенок, додека позицијата на камерата и блицот ќе останат на исто место.

Засега како датум за излегувањето во продажба на новиот телефон на Ејпл, се спомнува дека е септември, а пак во последно време октомври. Како и да е можно е од Ејпл своите телефони да ги најават во септември а нивната продажба да отпочне  во октомври.

 На DigiTimes велат од своите извори дознаат дека IPhone-от ќе има екран „помал од 4 инчи“, дијагонала од 3,7 инча, а се на се новиот модел нема премногу да се разликува од претходната серија, IPhone4.

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi