Еден сосема необичен настан се случи во петокот каде во Монако, каде по завршувањето на трката на 1500 метри на патеката се истепаа двајца француски атлетичари.
Mehdi Baala, европскиот шампион од Гетеборг 2006 и освојувачот на бронзен медал на ОИ во Пекинг, со глава во глава по кратка расправија го удри Mahiedinea Mekhissi-Benabbada, актуелниот европски шампион и олимпискиот вицешампион на 3000 метри со пречки. Овој се обидел да му возврати со тупаници, но по кратка турканица тие биле одвоени.
Што го предизвикало конфликтот на сонародниците, сега за сега не е објаснето.