Се измисли и ова, фризер робот! Кој ако не лудите јапонци! :)

7 октомври, 20110
148312-robot

Јапонската компанија “Panasonik” го претстави своето најново технолошко „чедо“, роботот кој мие коса и кои пред се е наменет за постарите лица и лица со хендикеп. Машината која наликува на вселенки стол за фризирање е опремена со најдобра и најнова роботска технологија, а би можела да помогне на многу луѓе.

„Со роботската технологија и 24 електронски контролирани прсти, роботот може да ја измие косата на начин на кој тоа би го направил и човекот“, изјавил развојниот инжињер на овој робот, Тохуро Накамура.

„Муштеријата легнува на столицата над мијалникот, машината нанесува шампон, го масира темето и ја плакне косата за три минути. Потоа се става регенератор и се суши косата, со што целиот процес трае околу 5 минути“, додал Накамура.

„Во иднина ќе развиваме повеќе вакви производи кои ќе им помагаат на лицата кои се стари или со хендикеп“, потенцирал Накамура.

Роботот се уште не е достапен на пазарот, компанијата планира да започне со продажба наредната година.

httpv://www.youtube.com/watch?v=6s0fUHFxawA

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi