
Заљубените геј пингвини управата од зоолошката градина ќе мора да ги оддели за да може да се размножуваат.
Два машки пингвини во зоолошката градина во Торонто се однесуваат како вистински заљубен пар, но ќе мора да бидат разделени и на нивната љубов да се стави крај.
Бади (20) и Педро (10), припадници на реткиот вид на афрички пингвини, пристигнале во Торонто од зоолошката градина во Толедо, Охајо, САД, каде се имаат зближено. Бади предходно бил со врска со женка со која имале и поколение, а по нејзината смрт, тој бил сместен во зоолошката во Охајо, каде го сретнал Педро. Нивната врска продолжила и кога биле преместени во Торонто, каде покрај нив се наоѓаат уште десет пингвини, четри машки и шест женски.
Иако, денот сите 12 пингвини го поминуваат заедно пливајќи во базенот, Бади и Педро ноќите ги поминуваат еден до друг. Чуварите во зоолошката градина изјавиле дека тие двајца се неразделни, постојано се еден до друг, си ги чистат перјата, ја бранат својата територија и се довикуваат со звуци кои ги користат машко-женските парови.
„Сето ова е комплицирано, но изгледа дека тие имаат некаков вид на љубовна врска“, изјавил менаџерот на зоолошката градина Џо Торзок.
Бади и Педро ќе мора да бидат разделени пред се поради фактот дека треба да се размножуваат.
httpv://www.youtube.com/watch?v=gyob3yHVOgs
