Прстенот што требало да ја симболизира нивната љубов, Џо Димаџио и го поклонил на легендарната актерка на денот на нивната венчавка, на 14 Јануари 1954 година. Сепак, прстенот не им донел многу среќа, бидејќи бракот траел само осум месеци.
Проблемите започнале кога Мерлин Монро ја снимила легендарната сцена во филмот Седум години верност, во кој нејзиниот бел фустан се подига од струењето на воздухот од подземната железница, и каде видно биле покажани нејзините убавите нозе и долната облека.
Џо присуствувал на снимањето, а сведоци потврдиле дека тој полудел од љубомора. Само две недели подоцна тие престанале да живеат заедно.
Почетната цена на прстенот ќе биде помеѓу 300 и 500.000 долари, но продавачите се убедени дека ќе се постигне многу повисока цена ако се земе во предвид популарноста која ја имаат и ден денес.
На истата аукција ќе биде понудена и сликата на Ерл Моран, на која Мерлинка е насликана гола.