Ирина Шајк се појавила со голем дијамантски прстен на доделувањето на наградата “Golden Boot”, која му припаднала на нејзиното момче Роналдо.
Во своето познато издание Ирина (25) овој пат, не го привлекла вниманието само својот изглед, туку и со големиот веренички прстен на левата рака. Наводно, прстенот чини околу 100.000 фунти.
Парот се уште не ги коментирал наводите за нивната свадба, но нивни пријатели имале што да кажат.
– Роналдо и Ирина зборуваат многу за брак. Тој сакаше да направи нешто многу посебно и романтично, така што на Денот на вљубените отпатувал во Њујорк и ја изненадил Ирина. Тој таму и предложил брак и таа прифатила, изјавил близок пријател на парот, кој додал дека мајката на Роналдо, Делорес сакала свадбата да со одржи во неговото родно место Мадеира.