Се возеле со мртвиот пријател низ град и ги трошеле неговите пари:(

18 септември, 20110
0

Марк Робинсон (25) и Роберт Јанг (43) од Денвер во автомобилот заедно се возеле со нивниот мртов пријател, Џефри Џарет (43), јавува АП. По пат тие отвориле сметка во еден бар на име на мртвиот пријател, а со неговата картичка плаќале и во стриптиз бар. Тие биле обвинети за нарушување на мирот на покојникот, но и за кражба на идентитет и лажно претставување.
Џарет, наводно, во својот стан бил пронајден од страна на неговиот пријател Јанг, и наместо тој да повика полиција и брза помош, тој го повикал Робинсон. Двајцата го средиле телото кое го качиле во автомобил и се упатиле во еден бар на пијалок. Трошоците во барот ги платиле со кредитната картичка на Џерет. Потоа на сметка на мртвиот пријател ставиле гориво во автомобилот и отишле во стриптиз бар и ресторан. Наводно еден од нив му раскажал на полицаец што направиле, по што за кратко време биле приведени.

Робинсон и Јанг во петокот биле ослободени од притвор, но и двајцата одбиле да дадат било каков коментар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi