Овие аксиоми се претворија во животни лекции, кои произлегуваат од стравот и желбата да се објасни непознатото.
ЌЕ НАСТИНЕМЕ ДОКОЛКУ СО МОКРА КОСА ИЗЛЕЗЕМЕ ЗИМНО ВРЕМЕ
Сигурно луѓето кои го трвдат ова не си ги мијат рацете по одење во тоалет, за да не настинат. Ова е уште еден начин за настинките и вирусите да се “обвинуваат” временските услови. Тоа што нé разболува е личноста која ни кива во лице, си го брише носот од својата облека па се придржува во автобусот, а не снежна бура.
ПО ЕДНО ЈАБОЛКО ДНЕВНО, И НЕ НИ Е ПОТРЕБЕН ДОКТОР
Точно е тоа дека јаболкото содржи витамин Ц и други хранливи состојки, но дека цел живот ќе бидеме здрави ако јадеме јаболки, е “наука” oд времето на Кременковци.
АКО ГИ “ВКРСТУВАМЕ” ОЧИТЕ, ЌЕ НИ ОСТАНАТ ТАКВИ
Ова е навредливо за сите оние кои имаат т.н.”мрзеливо око”. Вкрстените очи се здравствена состојба која се нарекува “страбизам”. Луѓето кои го прават тоа од забава патат од здравствената состојба која се вика “глупост”.
БРИЧЕЊЕТО ГИ ПРАВИ ПОГУСТИ ВЛАКНАТА И РАСТАТ ПОБРЗО
Доколку ова е вистина, тогаш нема да постојат ќелави момчиња, нели?!
“КРЦКАЊЕТО” НА ЗГЛОБОВИТЕ ПРЕДИЗВИКУВА АРТРИТИС
Да не претеруваме- “крцкањето” на зглобовите поради стрес нема да предизвика артритис, но сигурно ќе го разбесни тој што седи близу до нас во канцеларија, и постои голема шанса да не погоди со некој остар предмет.
ДЕЦАТА КОИ СЕДАТ ПРЕБЛИСКУ ДО ТЕЛЕВИЗОРОТ СИ ГО УНИШТУВААТ ВИДОТ
Седењето преблиску до телевизорот нема да ги направи децата да носат очила, туку повеќе треба да се пази на тоа што тие навистина гледаат на малите екрани.
ГУМАТА ЗА ЏВАКАЊЕ ОСТАНУВА СЕДУМ ГОДИНИ ВО ЖЕЛУДНИКОТ
Постарите не плашеа дека доколку ги голтаме семките од цреши, дрво ќе ни изникне во стомакот. Дури некои од нас сеуште имаат кошмари од сето тоа. Но, од дрвото ни траг…